неколку зборови за нас

Добро координираната тимска работа зборува за нас

Во изминатите години Т&М се специјализира за изработка на идејни решенија, проекти, изведба и монтажа на:

Работиме со ентузијазам и посветеност кон постојан напредок

обезбедувајќи сигурни, современи и ефикасни електроенергетски решенија. Нашата визија е да создадеме инфраструктура што трае — преку професионалност, иновација и врвна изведба.

Со долгогодишно искуство и стручен тим од електроинженери и техничари, нудиме комплетни решенија

од проектирање и изведба, до испитување, одржување, модернизација и производство на електрични системи во сите сегменти на индустријата и градежништвото.

контрола и проверка пред се

Производите и услугите на Т&М Штип се контролираат од одделението КОНТРОЛА

Одделението КОНТРОЛА е организациона единица во рамките на Т&М. Опремени со соодветен простор, опрема и кадар за вршење на работите на тестирање и контрола во согласност со прописите, национални и меѓународни стандарди, барањата на ISO/IEC 17020 и потребите на претпријатието. Потребата за управување со документација,заштита на животната средина, заштита при работа и управувањето со енергија како важен сегмент за квалитетна работа на претпријатието, од 2012 година ТМ Штип ги има воведено системите за управување според ИСО 9001, 14001, 45001 и 50001.

  1. Овисна Опрема за Далеководи
  2. Изградба и Одржување на Трафостаници
  3. Пронаоѓање и Поправка на високонапонски кабли
  4. Производство на Силиконски полупроводници
Т&М Штип

Работиме на секој аспект од планирањето на нашата работа

Првична експертиза
Далеководи
Трафостаници
Каблирања
Производство на опрема

ИНСПЕКЦИСКО ТЕЛО

Што работи нашето инспекциско тело

Контрола и детекција на траса на нисконапонски и среднонапонски кабли.
Напонско испитување на нисконапонски и среднонапонски кабли. Детекција на место на дефект.

Системи за громобранска заштита
Технички преглед и периодични испитувања на систем за громобранска заштита

Заштитно заземјување
Технички преглед и периодични испитувања на отпорот на распростирање на системи за заземјување

Нисконапонски електрични инсталации

Прва периодична и вонредна:

  • Инспекција (контрола) на непрекинатост на заштитен проводник на главно и додатно изедначување на потенцијалот со мерење на електричниот отпор,
  • Инспекција (контрола) на отпор на изолација на нисконапонски проводници и кабли,
  • Инспекција (контрола) на исправност на уредите за диференцијална струјна заштита,
  • Инспекција (проверка) на секвенца на фази,
  • Проверка на отпорност на подовите и ѕидовите,
  • Проверка на условите за заштита со автоматско исклучување на напојувањето со мерење на отпорноста на колото на грешка,
  • Провека на заштита со автоматско исклучување на напојувањето преку мерење на вкупната отпорност на заземјувачот
  • Проверка на дополнително изедначување на потенцијалт со мерење на импеданса на пристапни изложени и страни проводни делови

Средства за заштита во електроенергетски пост

Прва, периодична и вонредна проверка на напон на пробив на: заштитни ракавици, заштитни чизми, заштитни каљачи, заштитен шлем, заштитна мотка за заземјување, заштитна мотка за манипулација, фазен индикатор, рачка од фазен индикатор, глава од фазен индикатор, двополен фазен индикатор, рачка од двополен фазен индикатор, глава од двополен фазен индикатор, заштитна плоча, заштитна клешта, заштитна масичка и изолациони теписи.

Термовизиско снимање и мерење
Термовизиска контрола на електроенергетски постројки, инсталации опрема и уреди

Минерални изолациони масла
Периодична и вонредна проверка на напон на пробив и диелектрична цврстина